Бектеши: Уценети сме од Бугарија, ги оспоруваме количините гас кои ги загарантирале за Газпром

од Nikola Popovski
297 прегледи

Министерот за финансии на Бугарија треба да знае дека ние не ја оспоруваме воведената такса, туку количините кои ги загарантирале за Газпром, во однос на гасоводот со Македонија. Количините кои ги закупил Газпром од бугарската страна до 2030 година, немаат врска со воведување на таксата, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според него, ние бараме да се ослободат количините да можеме да се снабдуваме од други извори, како што се снабдуваме со 180 милиони нормални метри кубни со гас од Азербејџан и ЛНГ-гас од САД.

-Ние мислиме дека сме уценети. Бугарскиот министер не зборува за процедурални работи и обврски кои ги има Бугарија кон ЕК во делот на издавање на закупи преку аукции. Тоа е работа на Бугар Транс Гас и Министерството за енергетика во Бугарија. Во делот на оштетата и споровите кои ние би ги отвориле, ќе ги направиме сите напори и имаме правна основа дека сме потпишале договори со енергетската заедница и Бугарија, појасни Бектеши за најавите од Софија за воведување такса за рускиот гас што транзитира низ нивната земја.

Слични содржини