Бектеши за финансиската поддршка: Ќе се земе просекот од месецот и за периодот во кој биле затворени угостителските објекти

од Nikola Popovski

Mинистерот за економија Крешник Бектеши појасни на кој начин е предвидено да се исплаќа финансиската поддршка во секторите кои се целосно затворени, како и оние што се затворени со последната одлука на Владата од пред три недели.

„Ќе се земе просекот од месецот и за периодот во кој биле затворени, 30 отсто од тој промет ќе им се додели на угостителските објекти. Оваа мерка покрај угостителите во иста форма е наменета и за приватните детски одморалишта, ноќните клубови, игротеките, рестораните за свадби, ивент индустријата, фитнес центрите, фотографи и фотографски студија и туристички агенции, рече министерот.

Моделот, посочи, ќе биде сличен како оној кој што го реализиравме во четвртиот квартал од 2020 година и ќе одиме со директна помош како грант, зависно од категоризацијата.

-Предвидена и поддршка за исплата на плата по вработен, на пример за една компанија со 10 вработени ќе се поделат 152.000 денари за исплата на плати на вработените, рече Бектеши во гостувањето во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија.

-Кога сме кај рестораните за свадби и прослави, точно да ги информираме сопствениците на ресторани за свадби. Значи во 2019 година просекот пријавен од овие компании беше 35.000 евра, ако се дели на 12 месеци, тоа е 3.000 евра и од 3.000 евра ќе добијат 30%. Оваа е помошта која со моделот на враќање на процентот ќе им се дава на рестораните кои организираат свадби и прослави и плус да додадеме дека за секој вработен ќе добијат дополнителни 15.200 денари, кажа министерот и потсети дека минатата година овие ресторани добија директни грантови до 10 илјади евра и во меѓувреме се категоризираа во вкупно 140 вакви објекти.

Со новиот пристап за надомест на штетите и загубите како резултат на носењето рестриктивни мерки со кои се забранува или ограничува работењето на угостителските објекти, Владата конечно ги прифати нашите континуирани сугестии и препораки и донесе посебен шести антикризен пакет наменет за угостителската индустрија кој полека се приближува до реалните и неопходните мерки неопходни за спас и одржување на овој сектор, соопшти Независната угостителска комора (НУК).

Во очекување на правилниците и упатствата за начините на користење на шестиот сет економски мерки, НУК направи симулации на кои угостителски сектори колку од средствата ќе им бидат распределени.

Слични содржини