Бектеши за одлуката на Макпетрол: Неодговорно однесување, заврши времето на монопол

од Nikola Popovski
444 прегледи

Макпетрол речиси 20 години имала монопол во делот на снабдување со природен гас во земјава. Завршило тоа време и ние се залагаме за либерализација на пазарот, како што правиме и во другите сектор. Обврската што сме ја презеле и ја спроведуваме. Ако не донесовме ваква одлука, можевме да се воведеме во ситуација за да бидеме целосно зависни од Руската федерација и што ќе се случеше ако преку ноќ имаше забрана за снабдување со природен гас во земјава, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

За доставените контакти и понуди од лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, освен на Макпетрол, се зборувало за руски гас од Газпром.

-Газпром ги имаше закупено сите капацитети на гасоводот меѓу Македонија и Бугарија. Не е првпат Макпетрол да прави вака. Граѓаните се сеќаваат и кога ги затворија пумпите и не точеа дизел затоа што чекаа само еден ден за РКЕ да носи нова одлука за зголемување на горивата. Тоа можам да го потврдам и со документи и факти. Ме зачудува фактот што завчера имале состаноци со надлежните институции за условите кои се превидени за договорот меѓу државната ГА-МА и „Булгартрансгас“, биле разјаснети забелешките, а денеска без никакви најави објавиле прекин на испораката на гас, кажа Бектеши во вестите на Тв Сител.

Тој потенцира дека „ова е неодговорно однесување на Макпетрол“.

-За жал можеби има надворешни сили што влијаат на вакви одлуки, но ние сме демократска држава имаме закони и ќе постапиме согласно законите и никој нема да оставиме да биде над државата, рече првиот човек во ресорот економија.

Соопшти дека вчера било разговарано и најверојатно ќе бидат најдени други опции затоа што имало простор до 1-ви јануари следната година, за што Министерството за економија дополнително ќе инфомирало најдоцна до вторник.

Единствениот трговец со гас во државата, „Макпетрол“ соопшти дека по Нова година нема да увезува и да испорачува природен гас до своите потрошувачи. Како причини се наведуваат новите услови за работа кои се наметнуваат со како што велат прерано потпишаниот договор помеѓу „Гама“ и „Булгартранс гас“ од Бугарија.

Слични содржини