Министерот за економија Крешник Бектеши наведе дека во однос на начинот на сметање на времето со евентуално укинување на промената од зимско во летно и обратно, државава ќе се прилагоди кон одлуките на Европската комисија.
„Ќе носиме одлуки согласно со одлуките што ќе се носат во Европската унија имајќи предвид дека нашата најголема економска соработка, над 75 отсто е со членките на Европската унија. Каква одлука ќе се донесе во Европската комисија, тоа ќе се преслика и во нашата држава“, рече денеска Бектеши на новинарско прашање.
Летното сметање на времето завршува во недела во 03:00 часот по полноќ кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето.