Бела Адид е во врска со “сама себе“

од Vladimir Zorba

Моделот Бела Адид сподели дека е без дечко и во моментов е “посветена на себе”. 20-годишната убавица која се среќаваше со пејачот под псевдоним The Weeknd раскажа дека нема никој до себе и сите момци со кои е забележана во последно време, се нејзини “најдобри пријатели”.

Таа напиша на Твитер: “За да им биде јасно на сите – не се гледам со никој. Во моментов сум во длабока врска со себе и со својата среќа “.

Претходно бринетата призна дека секогаш ќе го сака The Weeknd, кој во моментов излегува со Селена Гомез.

Во моментов Бела Адид е на врвот на својата кариера. Таа беше дел од ревијата на многу познати и реномирани модни брендови во текот на модниот месец во Европа – “Александер Ванг”, “Мошино”, “Версаче” и многу други. Освен тоа таа најави и дека е речиси подготвена со сопствената модна колекција за луксузната марка “Хром Хартс”.

Слични содржини