Споредбените слики на топ-моделот Бела Адид (22) и Карла Бруни (51) открија впечатлива сличност помеѓу двете, оставајќи ги фановите воодушевени.
Двете убавици имаат многу сличен сјај и прилично униформирани карактеристики на лицето – очи, јагодички, нос, усни. Карла, која е сопруга на поранешниот претседател Никола Саркози, беше еден од супермоделите на 1990-тите.
Бела е родена речиси три децении по Бруни, но на сликите се како близнаци, како што пишуваат некои од нивните следбеници во Instagram.
Двете синооки бринети всушност се сретнаа и запознаа во мај месец минатата година и Карла дури се пошегува дека има “тајна ќерка”.
Интересно е што мајка ѝ на Бела, Јоланда Адид, исто така, беше успешен модел од времето на Карла.

Фото: Instagram @cellebface

Фото: Instagram @cellebface
Веб-страницата @celebface не е првата што ја забележува сличноста помеѓу двата модели. Maгазинот Harper’s Bazaar, Австралија ги нарече “близнаци”, Ел, Велика Британија вели дека имаат “невообичаена сличност”, а списанието W се шегува за потенцијалните заговорнички теории дека е всушност истата личност.
Самата Карла признава дека таа и Бела се многу слични.