Ѕвездата на Челзи, Еден Азар и топ-стрелецот на Тотенхем, Хари Кејн се двете големи трансфер цели за Реал Мадрид во текот на летото, тврди весникот „Mundo Deportivo“.
Како што е познато, „белите“ остана единствениот европски гигант, кој не направи зимски купувања, а според многумина тоа е затишје пред летна бура на пазарот.
Над 40 играчи беа предложени на европскиот шампион според куп медиуми, но на крајот претседателот Флорентино Перез одлучил да мирува, откако чува средства за крајот на сезоната.
Најголемата цел на Реал останува Нејмар, но стрелецот на ПСЖ најверојатно ќе дојде во 2019 година. Сепак, Перез одлучи да земе големи имиња за почетокот на следната сезона.
Белгиецот одамна е поврзуван со Реал и според специјалистите на Островот, тој нема трпение да го облече белиот дрес.