Белата куќа најави дека на наследникот на Овалната соба ќе му ја предаде онлајн власта – имено лозинки за “Твитер” и останатите профили на социјалните мрежи, кои имаат милиони следбеници.
Одржување на @POTUS (профилот на претседателот Обама на “Твитер” – бел.ав) ќе биде дадена на 45-тиот претседател на САД на 20 јануари 2017 година “, објави денеска Кори Шулман, заменик-директорот одговорен за дигиталните стратегии на Белата куќа. Администрацијата под раководство на Обама користеше исклучително и активно социјалните медиуми. Преку платформи како Snapchat и YouTube претседателот објавуваше интервјуа за приоритетите на својот кабинет, на тој начин заобиколувајќи го својот директен контакт до новинарите и избегнуваше неудобни прашања. За својот мандат Обама може да се пофали со над 300 000 @WhiteHouse твитови и илјадници часови видео материјал. Следбениците и на @WhiteHouse, и на @POTUS пак во моментов бројат над 11 милиони. Тоа значи дека наследникот на Овалниот кабинет ќе се здобие со џиновски мегафон и речиси неограничена власт во интернет просторот. / АФП