Белата куќа потврди: Средбата меѓу Белград и Приштина е одложена за 4 септември

од Nikola Popovski
152 прегледи

Средбата меѓу Косово и Србија што беше закажана за 2 септември во Вашингтон е одложена за 4 септември, потврдила Белата куќа за приштински „Газета експрес“.

Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Јулиот, изјавил дека разговорите меѓу премиерот на Косово, Авдулах Хоти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, биле одложени за два дена од 2 септември, поради дневната агенда.

Тој изјавил дека САД со нетрпение ги очекуваат овие важни разговори со претседателот Вучиќ и премиерот Хоти.

„Веруваме дека напредокот во економски прашања, вклучително и создавање работни места и забрзување на економскиот раст, е првиот чекор во унапредувањето на мировниот процес“, изјавил портпаролот на советникот за национална безбедност.