Белата куќа го осуди нападот во Москва, тврди дека Украина не е вмешана – Захарова реагира

„Ако САД знаат или имаат веродостојни информации за ова прашање, тогаш тие мора веднаш да ѝ бидат пренесени на руската страна“, изјави таа во пост на „Телеграм“.

од Бети Божиноска
408 прегледи

Белата куќа вечерва го го осуди вооружениот напад во Москва во кој загинаа најмалку 40 луѓе, а најмалку 100 се повредени, опишувајќи го како „ужасен инцидент“.

„Сите ги видовме снимките од Москва. Се обидуваме да добиеме повеќе информации. Снимката е само ужасна, многу е тешко да се гледа“, изјави портпаролот на америланскиот Совет за национална безбедност, Џон Кирби.

Кирби, исто така, нагласи дека САД немаат разузнавачки информации за нападот иако Стејт департментот претходно предупреди за можни напади во Москва и ги повика Американците да ги избегнуваат прометните места и големите собири.

Кирби подвлече дека трагедијата во Москва нема никаква врска со Украина ниту пак има индикации дека Киев е вмешан во нападот.  И кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека Украина не е вмешана во нападот на „Крокус сити хол“.

Реакцијата на ОН и на САД на терористичкиот акт во Москва покренува големи прашања, истакна портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, реагирајќи на на коментарот од Белата куќа дека нема индиции оти Украина е вмешана во терористичкиот напад. во Москва.

Захарова истакна дека ако САД имаат веродостојни информации за терористичкиот напад во „Москва, веднаш мора да ѝ ги пренесат на руската страна.

„Ако САД знаат или имаат веродостојни информации за ова прашање, тогаш тие мора веднаш да ѝ бидат пренесени на руската страна“, изјави таа во пост на „Телеграм“.

Соопштението од кабинетот на Генералниот секретар на ОН, во кое се наведува дека се „тажни“ поради она што се случи во „Кроскус сити хол“, не соодветствува со она што се случи.

Видеото од крвавиот терористички напад не предизвикува „тага“, туку ужас и шок, нагласи Захарова како одговор на изразите на сочувство од ОН.

„Ожалостени? Пукање? Дали е ова тепачка на стрелиште или што?! На телевизија во живо, луѓето со сите сили емитуваат снимки од монструозен, крвав терористички напад, кој не предизвикува „тага“, туку ужас, шок, шок, безусловна осуда, праведен гнев и сочувство кон жртвите“, истакна Захарова.

Слични содржини