Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден одобри воен трансфер во Тајван во рамките на Програмата за финансирање на странските вооружени сили – FMF, која вообичаено се користи за суверени држави, стои во соопштението испратено до Конгресот.
Документот, во кој „Ројтерс“ имал увид во средата, ги информира конгресните комисии за намерата на Стејт департментот да одвои до 80 милиони долари средства од ФМФ за поддршка на Тајван.
Тајванското министерство за одбрана изрази благодарност, но рече дека нема да ги коментира деталите за помошта, истакнувајќи дека САД веќе помогнале во зајакнувањето на борбените способности на островот, кој Пекинг го смета за своја територија, според постојните политики и закони.