104
САД „нема причина“ да ја менуваат својата нуклеарна доктрина откако Русија го стори тоа, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
„Веќе две години го слушаме истиот неодговорен говор од Русија“, рече таа и додаде дека Русија е таа што предизвикува ескалација на ситуацијата во Украина.
Според неа, најголемо отежнување е тоа што Русија се врти кон друга земја, алудирајќи на припадниците на севернокорејските сили, кои се борат против Украина.
Да потсетиме, само еден ден откако претседателот во заминување Џозеф Бајден ја укина забраната за употреба на американски ракети со долг дострел за напади на руска територија, Русија пријави напад со тие ракети. Потоа Путин ја потврди новата руска нуклеарна доктрина.