Белгија воведе давачка за новинарите кои известуваат од самитите на ЕУ

од desk4
75 прегледи

  Белгиските власти воведоа давачка од 50 евра за безбедносни проверки на новинарите кои известуваат од самитите на Европската унија.

Давачката се однесува само на новинарите кои постојано живеат во Белгија, додека повремените известувачи од европските самити не мора да ја плаќаат.

Околу 1.000 новинари вообичаено известуваат од самитите на ЕУ и се очекува белгиските власти да добијат 50.000 евра од оваа нова давачка која е задолжителна за медиумските организации кои бараат акредитација.

Прес службата на Европската унија соопшти дека е изненадена од овој потег на белгиските власти.