Белград добива гробишта за миленичиња

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави дека главниот град „конечно ќе добие гробишта за миленичиња за прв пат во својата историја“, наведувајќи дека тоа може да се очекува во средината на следната година.

Тој рече дека ќе биде распишан тендер до крајот на оваа недела, откако присуствуваше на проекцијата на проектот за гробишта во Ветерина Белград.

„Сите наши сограѓани кои имаат миленичиња или ги имаа, знаат колку им значат и какви проблеми имаа кога ќепочинеа, затоа што немаа каде да ги погребаат. Тоа е сериозен комунален проблем во Белград кој постои со децении, и како што одминува времето, имаме се повеќе миленичиња и растеше потребата за уредување на просторот за нивно погребување“, рече Весиќ, пренесе Беоинфо.

Тој изјави дека Белград издвоил околу 1,5 милиони евра за изградба на комплекс што ќе има административна зграда од 300 квадратни метри на хектар, паркинг со 20 места, крематориум, разни места за погребување миленичиња.

Според него, и покрај фактот дека огромното мнозинство на сопственици имаат одговорен став, мал дел не е доволно одговорен и е генератор на проблеми поврзани со миленичиња. Тој додаде дека „ако некој зел домашно милениче, тој мора кон него да се однесува одговорно“.

Слични содржини