Во Белград течат подготовките за тридневниот митинг на „Движењето за народот и државата“ на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ќе се одржи од 11 до 13 април.
Во центарот на српската престолнина се поставени шатори, се носи ќумур за скара, поставена е бина, а во близина на Народното собрание се гледаат замрзнувачи.
Поставени се и фрижидери долж булеварот Крал Александар.
Во четвртокот вечерта бројни трактори со српски знамиња на нив пристигнаа во градот и беа позиционирани околу Паркот на Пионерите.
Коментирајќи за митингот и колку граѓани очекува да се појават, Вучиќ претходно рече дека може да ги има „неколку стотици или илјадници“, но дека за него е важно „идејата за слобода, отпорот кон окупаторот, борбата за независна и успешна Србија“.
Митингот доаѓа речиси еден месец откако студентите во блокадата организираа голем митинг во Белград на кој присуствуваа десетици илјади луѓе.
Фото: Накси