Министерот за одбрана на Србија Зоран Ѓорѓевиќ соопшти дека Белград планира купување на руско оружје, пренесува Deutsche Welle .
“Ловци МиГ-29 ќе бидат опремени со современи оружја, радари, оптички и комуникациски системи”, објасни Ѓорѓевиќ. Покрај тоа Белград планира трансакции за купување на 30 тенкови од руско производство и уште толку оклопни транспортери. Во тек се преговори и за снабдувањето на уште седум авиони Миг-29, а исто така и за системи за противвоздушна одбрана.