Белград, Скопје и Приштина денеска најзагадени градови на Балканот

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Главните градови на Србија, Македонија и Косово и денес се едни од најзагадените градови во светот, а со тоа и на Балканот, според iqair.

Белград, Скопје и Приштина се пласирани од 11-то до 13-то место во светот попладнево според лошиот квалитет на воздухот, а недалеку од нив на 17-тото место е Сараево.

Големите партии, како по обичај, повторно си ја префрлаат топката кој е најзаслужен за состојбата во која се гуши главниот град на земјава.

Од СДСМ утрово ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ, Левица и градоначалничката Арсовска за намалување на буџетот за борба против загадувањето на Градот за 2023-та година и побараа итна седница на Советот.

„Потребна е седница на Советот на Град Скопје посветена на мерки за загадениот воздух. ВМРО-ДПМНЕ да не тера инает туку да ги прифати мерките и предлогот на СДСМ за вонредна седница на Советот на Град Скопје. За здравјето на граѓаните се работи“, споделија од Бихаќка.

СДСМ и Арсовска само си ја префрлаат топката во врска со мерките кои треба да се преземат, но ништо конкретно нема, велат од партијата на Мицкоски.

„20 милијарди евра низ буџети се потрошени, во изминативе 7 години, а ниту едно евро за почист воздух, затоа потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за подобра иднина на државата и народот“, додаваат од Белата Палата.

Слични содржини