Белградскиот НИН остана без новинари: Главниот уредник и членовите на редакцијата поднеле оставки

од Stefanija Kuzmanovska

Најстариот неделен весник во Србија остана без новинари. Како што соопштија членовите на редакцијата и колегиумот на „НИН“, колективно дале откази од работа поради најавената промена на концептот на неделникот.

Главниот уредник Милан Чулибрк се повлекува од својата позиција, а минатата недела заменик-уредникот Весна Малишиќ се пензионираше и одби понатамошен ангажман.

Во Србија, членовите на колегиумот и редакцијата на неделниот весник „НИН“ поднесоа оставка до новата сопственичка, Јелена Дракулиќ Петровиќ.

Причината, велат тие, е најавата за промена во концептот на весникот и фактот дека тие не се убедени дека ќе можат да работат како порано, бескомпромисно и професионално.

„НИН“ беше еден од ретките медиуми што имаше критички став кон режимот на српската прогресивна партија и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Слични содржини