Цариниците на граничниот премин „Батравци“ на српско-хрватската граница спречиле српски државјанин да прокриумчари околу 100.000 евра, пренесуваат српските медиуми.

Според Царината, парите биле пронајдени кај 69-годишен маж од Белград кој со сопругата и со уште една жена патувал кон Германија.
„Иако на цариниците им рекле дека немаат што да пријават, извршен е детален преглед на автомобилот и личен претрес на патниците. Тогаш во чорапот од десната нога на возачот најдени се три врзопи девизи, во износ од 125.000 евра, додека во паричникот на 69-годишникот имало уште 450 евра“, пишува во соопштението од царината.
Се додава дека на патниците им се вратени по 10.000 евра, пари кои со закон се дозволени да се изнесуваат од државата, а остатокот се задржани до завршување на прекршочната постапка.