Белингам под истрага за навреда на Гринвуд, ангажиран експерт за читање од усни

од Nikola Popovski

Фудбалерот Џуд Белингем лесно може да биде санкциониран ако се покаже дека кажал нешто што не требало да му го каже на Мејсон Гринвуд.

Шпанската фудбалска лига повикала експерт за читање од усни, со цел да ги истражи наводните навреди кои Џуд Белингам од Реал Мадрид ги упатил кон играчот од средниот ред на Хетафе.

„Хетафе поднесе жалба до директорот на натпреварите на Ла Лига и, како што е нормално во овие околности, лигата побара експерт за читање од усни да ја истражи работата и да постапи по она што може да го потврди“, изјави во саботата портпаролот на Шпанската лига.

Според сликите кои ги објави шпанскиот печат, англискиот репрезентативец Џуд Белингам го нарече својот сонародник Мејсон Гринвуд „силувач“ на натпреварот помеѓу Хетафе и Реал Мадрид, кој „кралскиот“ клуб во четвртокот го доби со 2:0.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед е на позајмица од англискиот клуб до крајот на сезоната, откако беше суспендиран од Премиер лигата во 2022 година поради обвинувања за силување и напад на партнерката.

Обвиненијата беа отфрлени во февруари 2023 година, дозволувајќи му на Гринвуд повторно да ја почне својата кариера во предградието на Мадрид, каде што постигна четири гола на 18 натпревари оваа сезона.

Слични содржини