Белопета: На ОФФЕСТ и на Скопски џез фестивал можеби треба да им се стави точка

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Директорот на Скопски џез фестивал и Оффест, Оливер Белопета за РСЕ зборува за општествените околности во која се наоѓа македонската културна политика. Тој вели дека и во најтешките времиња двата фестивала успеале да се одржат со квалитетна програма.

Дел од интервју со Оливер Белопета на Радио Слободна Европа

И, во едни вакви услови на живеење каква е перспективата на ОФФЕСТ, на обата фестивали што вие ги организирате, во иднина? Очекувате подобри денови или и натаму ќе се возите на ентузијазмот?

Ако зборуваме за перспективата во вакви домашни услови во кои се одржува ОФФЕСТ и Скопскиот џез фестивал, условите се од година во година само потешки. И од финансиски и од едноставно амбиентални причини. Да не зборуваме за инфраструктурни причини. До ниво да јас често размислувам дека на овие два фестивала можеби треба да им се стави точка и дека природно повеќе овде не припаѓаат. Еве можам и да кажам зошто јас стојам позади тоа. Меѓутоа, од друга страна, еве го имаме годинава овој исклучително богат ОФФЕСТ, а минатогодишниот Скопски џез фестивал, и ова не е само мое мислење, беше еден од најдобрите во изминатата декада. Интересно е и тоа што се одржа и во потешки услови. Сето тоа е производ на тоа што обата фестивали се работат во условите во коишто ги опишав принципиелно, онака општо. Со дел помал ентузијазам, не може условите да не го кршат ентузијазмот нели, а со многу поголем инает во позитивна смисла на зборот. И јас мислам дека тоа ќе го сочувам.