Белорусија бара свои лидери, таа не бира меѓу Западот и Русија

од Nikola Popovski
157 прегледи

Европскиот парламент го осуди насилството врз демонстрантите во Белорусија и повика на нови, слободни и демократски избори во земјата.

„Народот во Белорусија има право слободно и демократски да ги избере своите водачи и да одлучува за нивната иднина. Ова не е избор помеѓу Западот и Русија“, изјавила Хелга Шмит, генерален секретар на Европската служба за надворешно дејствување.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид МекАлистер, вели дека предизборната кампања во Белорусија јасно ја покажала желбата за демократски промени во земјата и дека извештаите на домашните набудувачи укажуваат дека изборите не ги исполнувале очекуваните меѓународни стандарди.

Според него, манипулацијата со резултатите предизвика најголеми протести во Белорусија од осамостојувањето, на кои владата одговори со екстремна бруталност.

МекАлистер наведува дека во извештаите се вели дека биле убиени најмалку тројца лица, а уапсените биле подложени на тортура и заплашување.

„Ние не ги признаваме резултатите од изборите, ја осудуваме бруталноста на безбедносните сили и ги поддржуваме барањата на народот во Белорусија за нови и слободни избори под надзор на независни набудувачи како ОБСЕ“, рекол Мекалистер.

Генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Хелга Шмит, потенцирала дека Белорусија е „близок сосед“ и дека на ЕУ „од голема важност ѝпретставува што се случува таму“.

Таа потенцирала дека насилство против протестантите се видело во Белорусија во минатото, но дека овој пат не донело резултат што властите го очекувале, но ги охрабри понатамошните мирни демонстрации и „невидената мобилизација на белоруското општество“.

„Протестите се јасен одговор на фалсификувањето на изборните резултати. Луѓето не сакаат нивните гласови да бидат игнорирани. Тие имаат јасно барање за слободни, фер и демократски избори“, соопштила Шмит.

Европскиот парламент потсетува дека министрите и водачите на ЕУ веднаш го осудија насилството врз демонстрантите во Белорусија, повикаа на нови избори, но и за санкционирање на одговорните за бруталноста и фалсификувањето на изборите.

„Ние ја поддржуваме независноста на Белорусија и нејзиниот суверенитет и ние сме против сите надворешни мешања“, рече Хелга Шмит.

Таа додала дека во наредните денови Советот на ЕУ ќе разговара за односите со Белорусија, кои, како што наведува, мора да се засноваат на заеднички вредности, демократија и владеење на правото.

Слични содржини