Белорусија: Фоторепортери на РСЕ осудени на затворска казна поради известување од протестите

од Nikola Popovski
235 прегледи

На 16 септември, Окружниот суд во Минск ги осудил фоторепортерот на Радио Слободна Европа (РСЕ) Улаз Хруџин и хонорарниот фотограф Александар Васјуковиќ на 11 дена затвор за „учество во неовластен митинг“ во белоруската престолнина, соопштиле денес од медиумската куќа.

Хруџин, наградуван фотограф, чија акредитација неодамна била одземена додека работеше како дописник на РСЕ во Минск, и Васјукович биле прогласени за виновни за кршење на белорускиот закон за масовни собири.

Двајца фотографи и уште еден новинар во бар во Минск биле приведени од група луѓе на 13 септември, денот кога десетици илјади се собрале во белоруската престолнина во знак на протест против официјалните резултати од претседателските избори на 9 август.

Протестите во Белорусија започнаа по изборите на 9 август, на кои, според официјалните резултати, Лукашенко го освои правото на шести мандат, освојувајќи повеќе од 80 проценти од гласовите.

Демонстрантите и западните земји ги оценија изборите како наместени. Опозициските партии сега бараат нови избори, како и ослободување на политичките затвореници и независна истрага за полициското насилство врз демонстрантите по изборите.