Во Белорусија починаа 23 лица како резултат на коронавирусот, додека заразени се 2.226 лица, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.

Според изјавата, 2.031 лица се наоѓаат во болница, додека 172 се излечени од коронавирусот, пренесува ТАСС.
Министерството напоменува дека за лечење на 55 лица им се неопходни респиратори.
Белорусија е единствената европска земја каде што фудбалот сè уште се игра, иако е пикот на пандемија на коронавирус во светот наведува Ројтерс, а се поголем број навивачи ги бојкотираат натпреварите од страв дека може да се заразат.