Белоруската национална авиокомпанија: Откажуваме летови кон осум земји

од Stefanija Kuzmanovska

Белоруската национална авиокомпанија „Белавија“ денес објави дека е принудена да ги откаже летовите кон осум земји во периодот од 27 мај до 30 октомври.

ЕУ ги повика авиокомпаниите на своите членки да го избегнуваат воздушниот простор и територијата на Белорусија поради присилното слетување на авионот на „Рајанер“ во Минск, објави „Ројтерс“.

Во авионот се наоѓаше новинарот Роман Проташевич, кој подоцна беше уапсен.

После тоа, една по друга, членките на ЕУ објавија дека ќе им соопштат на нивните авиокомпании да не патуваат во Белорусија, додека некои од членките на Унијата забрануваа белоруската национална авиокомпанија да го користи нивниот воздушен простор.

Слични содржини