Белоруски опозиционер и ривал на Лукашенко во 2020 година осуден на 18 месеци затвор за учество во протести

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Белорускиот суд денеска го осуди опозицискиот политичар и поранешен претседателски кандидат за 2020 година, Андреј Димитријев на 18 месеци затвор за учество во протестите поради изборните резултати.

Според Ројтерс, Димитријев на судењето се изјаснил за виновен за учество во протестите.

Агенцијата потсетува дека неколкумесечните протести ја зафатија Белорусија откако официјалните резултати покажаа дека Александар Лукашенко убедливо победил на претседателските избори во август 2020 година.

Независните набљудувачи тогаш оценија дека изборите не биле ниту слободни, ниту фер, а Европската унија воведе санкции кон Белорусија за „репресија и фалсификување на изборните резултати“, наведува Ројтерс.

Слични содржини