Бен Стилер е забележан како се држи со својата отуѓена сопруга, Кристин Тејлор, за рака. Бен и Кристин се разделија во мај 2017 година – по 17-годишен брак, но сé уште немале развод.
Двајцата се родители на 15-годишната Ела Оливија и 13-годишната Квинлин.
Пред неколку дена актерот се појави видливо среќен со Тејлор, и двајцата уживаа во „Убавата жена: Мјузиклот“, заедно со своите деца во Њујорк.
Според извор близок на семејството, Бен и Кристин се на пат да им дадат нова шанса на нивната љубов и врска по две години одвојување, главно поради нивните наследници.
Изворот тврди дека Бен и Кристин никогаш не престанале да бидат големи пријатели и постојано го минувале своето време заедно во текот на изминатите две години.