Пратеничката од редовите на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска денеска во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека мора да се тргнат кадрите од СДСМ кои продуцираат криминал.
„Не можам да замислам како ќе изгледа еве дури и да изберат целосно ново раководство, нова политика, но ќе треба да ја спроведуваат бившите министри кои до неќни сме ги гледале како седат во Владата и спроведуваат политиките против кој сите политички субјекти, освен нив се бореа“, вели Бендевска.
Според неа, не може проблем да биде решение на проблемот.
„Мислам дека секој кандидат, што досега е промовиран, учествувал во власта и е повеќе или помалку виновен за состојбата на земјата. За внатрепартиските работи оставам сами да одлучуваат“, вели Бендевска.
Таа вели речиси цела влада на СДСМ, директно воделе ресори во кои се случувале работи кои не се до крај разјаснети.