Бенски го изложи најновиот графити концепт во Њу Јорк, на платно долго 20 метри, со кој бара ослободување на курдската сликарка и активистка, Зехра Доган.

На муралот на Бенкси, Доган е прикажана зад неколку решетки, од кои последната е молив, а веднаш до цртежот се бара нејзино ослободување. Доган минатата година во Турција е осудена на затворска казна од две години и девет месеци за нејзината слика од курдскиот град Нусајбин. Нејзината слика, пресликана од новинска фотографија, го прикажува градот уништен од воен конфликт.