Бентли подготвува големо изненадување за неговите фанови!

од desk4
87 прегледи

Инженерите на Бентли почнаа да работат на првиот електричен автомобил на брендот. Информацијата беше потврдена од страна на шефот на британскиот концерн Волфганг Дургерхајм.

Тој рече дека електромобилот на Bentley ќе биде претставен во 2019 година и ќе претставува двосед купе. Дизајнот е задржан во духот на концептот Bentley EXP 12 Speed ​​6e, како и серискиот модел тој ќе биде обемен.

Според информации електромоторот и акумулаторите ќе бидат по моделот на електричниот Porsche Mission E. Така Bentley-то ќе добие два мотора со вкупна моќност од 600 КС

Со едно полнење автомобилот ќе може да помине околу 500 км. Претходно стана јасно дека кросовер Bentley Bentayga ќе има хибридна верзија. Тој во моментов е подложен на тестови, а премиерата е предвидена за 2018 година, а хибридот на Bentley ќе биде опремен со бензински V6 со турбодвигател и електромотор со вкупна моќност 460 КС.