377
На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа како автомобил од марката „бентли“, поминува на среде поставените украси на плоштадот „Македонија“ каде што граѓани се движат.
Видеото предизвика бурни реакции во кои се истакнува дека нема многу луѓе во Македонија што поседуваат ваков автомобил, алудирајќи дека лесно може да се најде лицето што лесно можеше да повреди некој на скопскиот плоштад.
Се повикува на реакција од Оливер Спасовски, но и од градоначалникот Петре Шилегов.