Бензема на суд за уцена на Валбуена

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Францускиот фудбалер Карим Бензема ќе се појави на суд во Версај во октомври за соучесништво во обид за уцена на поранешниот соиграч Мaтју Валбуена.

Судскиот процес ќе трае од 20 до 22 октомври, а напаѓачот на Реал Мадрид негираше дека сторил какво било дело.

Покрај него, на суд ќе бидат уште четворица осомничени.

Бензема е осомничен дека извршил притисок врз Валбуена во 2015 година за да им плати на уценувачи, кои се заканиле дека ќе објават секс-видео со негово учество.

Бензема по тој инцидент се најде на удар на француската јавност, а тогашниот премиер Мануел Валс рече дека за него „нема место во националниот тим“.

Истрагата утврдила дека на Бензема се обратил пријател од детството, со цел да биде медијатор и да го убеди Валбуена директно да се согласи со уценувачите, но Валбуена наместо тоа ја известил полицијата

Од ноември 2015 година, Бензема не игра за националниот тим, за кој постигна 27 гола, на 81 натпревар.

Слични содржини