Бензема посака да игра за друга земја

од Aleksandar Petrovski
272 прегледи

Разочаран од односот на Француската фудбалска федерација (ФФФ) кон него, Карим Бензема изрази подготвеност да игра за друга репрезентација.

Веќе четврта година напаѓачот на Реал Мадрид е отстранет од селекцијата на „петлите“ заради случајот со уцените на Матју Валбуена. Вчера, претседателот на ФФФ, Ноел Ле Грае увери дека кариерата на францускиот репрезентативец завршила, и покрај неговата многу силна форма.

На ова Бензема одговори како што следува: „Кога сум завршил, дозволете ми да играм за друга репрезентација и тогаш ќе видиме!“

Во принцип, Карим е речиси невозможно да облече дрес на друга репрезентација. Сепак, „Марка“ наоѓа дупка во правилата. Бензема е со алжирско потекло и може да се обиде соодветно да игра за африканскиот тим. Сепак, еве што треба да се случи:

1. Француската влада мора да му го одземе државјанството на Бензема

2. Играчот мора да добие алжирски пасош

3. Одобрение од ФИФА мора да се бара врз основа на член 18, став 2 и член 15, став. 3 од Правилникот, кој гласи: „Ако фудбалер кој одиграл натпревари за национален тим на една земја, го изгуби државјанството против неговата согласност и со одлука на локалните власти, тој може да побара дозвола од ФИФА да претставува репрезентацијата на друга земја чие државјанство го има добиено.

4. Комисијата за утврдување на статусот на играчите да донесе конечна одлука

Бензема има 27 голови и 18 асистенции на 81 дуел за Французите. Тој ќе наполни 32 години во декември.

Слични содржини