Бензема сруши рекорд на Тиери Анри

од Vladimir Zorba

Карим Бензема е во неверојатна форма во текот на целата сезона и синоќа беше во срцето на победата на Реал Мадрид над Мајорка од 3:0. 34-годишниот напаѓач постигна два од головите и веќе е голгетер број еден во историјата на францускиот фудбал. Тој има 413 гола во кариерата, а зад него остана Тиери Анри со 411.

Бензема со 22 прецизни удари ја предводи листата на стрелци во Ла Лига. Има и 11 асистенции. Од почетокот на сезоната Французинот постигна 32 голови во сите натпреварувања. Ова за него е изедначено како најдобро достигнување со тимот на Реал Мадрид. Тој исто така постигна 32 гола во сезоната 2011/12.

Бензема е во серија од 5 натпревари во кои постигнува голови. Минатата недела тој постигна „хет-трик“ против Пари Сен Жермен и му помогна на Реал да го елиминира францускиот тим во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Членот на француската репрезентација последен пат не постигна гол на првиот натпревар со ПСЖ на 15 февруари, кој „белите“ го загубија со 0:1.

Слични содржини