Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

од Берта Китинска

Малопродажните цени на нафтените деривати од вечер на полноќ се намалуваат за 0,76 отсто

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за половина денар, а цената на Еуродизел (Д-Е V) останува иста.

Еуросупер БС-95 од полноќ ќе се продава по 67,00 денари/литар, Еуросупер БС-98 за 69 денари/литар, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг и сега ќе изнесува 34,266 ден/кг., а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) горивото ќе чини 57,50  денари/литар.

Слични содржини