Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

од Берта Китинска
253 прегледи

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,28 отсто, соопштија од Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и на „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 72 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 74 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот не се менуваат.

Слични содржини