Бериша се чувствува повредено од реакцијата на Пендаровски

од Nikola Popovski
277 прегледи

Поранешниот премиер и шеф на албанската држава, Сали Бериша денеска се огласи на социјалните мрежи после реакциите за посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија. Реакцијата на македонскиот претседател Стево Пендаровски, Бериша ја нарекува избрзана изјава која повредува.

Она што ме повреди во оваа приказна е реакцијата на претседателот на Северна Македонија на именување на улица во Чаир по Адам Демачи, европскиот Мандела, лауреат на наградата Сахаров на Европскиот парламент. Во овој контекст, негативната реакција на претседателот Пендаровски на овој чин – чест за Скопје, Северна Македонија и целиот регион, мислам дека е избрзана и болна за секој либерален граѓанин на нашиот регион и уште повеќе за секој Албанец кој го смета Адем Демачи за национален херој, објави Бериша.

Еден од актуелните лидери на албанската опозиција ја осудува реакцијата и на, како што го нарече, непоправливиот албанофобичен Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Вучиќ посетата на Курти ја нарече скандал над скандалите со цел да се нарушат односите меѓу двете соседни и независни земји, пишува Бериша.

Според него, посетата на Курти е многу битна за позитивната улога на албанскиот фактор, одржувањето на отворени односи без разлика на партиските преференци и ориентации со сите албански политички сили во регионот и избегнување на „продлабочувањето на процесот на поделба што Еди Рама, веднаш штом дојде на власт го започна со политичките сили во Косово, а потоа продолжи во Северна Македонија“.

Бериша додаде дека Косово и Северна Македонија се две пријателски соседни земји на неодредено време поврзани со илјадници мостови и нишки.

Премиерот на Косово, Албин Курти во Скопје присуствуваше на церемонијата по повод преименувањето на улицата што го носеше името „Втора македонска ударна бригада“ во улица „Адем Демачи“. Неговата посета на земјава продолжи во Тетово, при што се вееја знамињата на Косово, Албанија и „Голема Албанија“, но без македонски знамиња.

Слични содржини