Berkshire Hathaway купи акции во Activision Blizzard за 1 милијарда долари

од Vladimir Zorba

Berkshire Hathaway на американскиот деловен магнат Ворен Бафет купи акции на Activision Blizzard во четвртиот квартал од 2021 година за околу 1 милијарда долари, влегувајќи во бизнисот пред договорот на Microsoft од 68,7 милијарди долари за преземање на производителот на видео игри.

Berkshire поседуваше 14,66 милиони акции на Activision во вредност од 975 милиони долари на крајот на 2021 година, според поднесокот поднесен од компанијата до регулаторот на пазарот, пренесe CNBC.

Во средината на јануари, Microsoft објави дека има намера да го купи Activision Blizzard по цена од 95 долари по акција, што ги катапултираше акциите за 25 проценти на над 82 долари, иако нивната вредност оттогаш благо падна.

Тоа ќе биде најголемата аквизиција на американска технолошка компанија досега.

Слични содржини