Берлин: Местото на Македонија е во ЕУ

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Македонија има потреба од реформи и помирување. Тоа го рече државниот секретар за европски прашања во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот по разговорите во Скопје со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

“Оваа држава нема потреба од ништо друго освен од реформите и помирувањето. Владата си постави сериозна програма за реформи. Јас можам само да се надевам овие чекориќе бидат   реализирани. Важно е реформите да бидат спроведени во интерес на државата и нејзиниот народ, бидејќи иднината на Македонија е во ЕУ.

Во изминатата година во Европа беше пропуштено многу доверба и сега е време тоа да се врати “, изјави тој. “Новата влада презеде исклучителни мерки, кои треба да ја  обноват повторно довербата со Грција и Бугарија. Според мене тоа е вистинската насока. Тоа требаше да се случи  доста порано. Убеден сум дека Владата во Скопје ќе работи во иднина за намалување на тензиите и изградбата на доверба …

Никој надвор од Македонија и Грција не го разбира спорот кој е апсурден. Треба да ја оставиме историјата во историјата и да одиме напред кон нашата заедничка иднина.

Германија е подготвена да помогне, ако биде побаранао помош од нас “, истакна германскиот дипломат. Во однос на политичката клима секретарот на германското Министерство за надворешни работи изрази потреба од помирување и враќање на дијалогот како важен елемент на демократијата.

“Ве молам да работат заедно, да соработувате во интерес на државата. Процесот на трансформација на патот кон ЕУ е тежок, но конечно ќе направи можно луѓето да добијат надеж за подобра иднина на својата земја “, рече тој