Берлин: Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ ​​до крајот на годинава

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Германија предложила Европската унија да ги започне преговорите за пристапување на С. Македонија оваа година и да наметне дополнителни услови на Албанија, објави „Ројтерс“.

Министрите за внатрешни работи треба да ја дадат својата одлука на 15 октомври, а лидерите на земјите-членки ќе се состанат два дена подоцна.

На 26 септември германскиот Бундестаг го одобри почетокот на разговорите за пристапување во ЕУ со С. Македонија и Албанија. Овој предлог го поддржаа и членовите на владејачката голема коалиција на канцеларката Ангела Меркел и дел од опозицијата.

Давањето зелено светло за отворање разговори го поздрави министерот за надворешни работи, Хајко Мас.

„Одлуката ја потенцира важноста на Западен Балкан за ЕУ. Во исто време, јасно е дека реформите се оценуваат. И двете земји мора да ги продолжат своите реформски напори за да продолжат на патот кон ЕУ. Убеден сум дека условниот пристап на Бундестагот ќе ги убеди другите во ЕУ даго одобрат решението за преговори“, рече Мас.

Новинската агенција „Блумберг“ објави претходно оваа недела дека Скопје и Тирана ќе добијат датум за да започнат официјални преговори. Агенцијата дошла до писмото испратено до министрите на ЕУ, во кое се наведува дека датумот ќе биде одреден на состанокот во Луксембург на 15 октомври.

Слични содржини