41
Оружјето што Германија и го подари на украинската страна, од моментот на неговото предавање, станува сопственост на Украина и таа може да го користи како што смета дека е потребно и правилно, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Германија, Арно Колац на прес-конференција денеска.
За Министерството за одбрана не се поставува прашањето за законитоста на дејствијата на територијата на Курската област – меѓународното право предвидува можност за воени операции на територијата на земјата агресор со цел да се заштити сопствената земја, посочи Колац, објави Укринформ.
Според него, нема посебни услови за употреба на оружје предвидени од Бундесверот.