БЕРЛИНСКА БОЛНИЦА ВО КАРАНТИН: Пациенти и лекари заразени со новиот вид на корона

од Stefanija Kuzmanovska

Германските здравствени власти ставија во карантин една берлинска болница откако 20 пациенти и членови на персоналот беа позитивни на позаразната варијанта на коронавирус, откриена во Велика Британија, која брзо се шири низ целиот свет.

Бројот на луѓе во болницата „Хумболт“ кои страдаат од позаразната варијанта Б117 најверојатно ќе се зголеми во наредните денови, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на болницата.

Одлуката за карантин значи дека болницата „Хумболт“ во главниот град на Германија нема да прифаќа нови пациенти.

Во четвртокот, канцеларката Ангела Меркел ги повика Германците да престанат да се жалат на бавниот процес на вакцинација против ковид-19 и ја бранеше одлуката за продолжување на блокадата колку што е потребно со цел да се запре поагресивната варијанта на коронавирусот.

Слични содржини