Берлускони е подобро благодарение на „силниот имунолошки одговор“

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој беше хоспитализиран поради белодробна инфекција предизвикана од коронавирус, разви „силен имунолошки одговор“ и неговата состојба „се чини дека се подобрува“, изјави денеска неговиот лекар.

„Се чини дека клиничката состојба се подобрува во целина“, рече професорот Алберто Зангрило, истакнувајќи го „силниот имунолошки одговор“ на славниот пациент.

Берлускони, кој ќе наполни 84 години за три недели, во средата минатата недела објави дека е позитивен на коронавирус, како и неговите деца Барбара (36) и Луиџи (31), но и неговата нова партнерка, 30-годишната Марта Фасина.

Поранешниот италијански премиер тогаш беше хоспитализиран како ризичен пациент поради староста и претходните здравствени проблеми, вклучително и интервенција на отворено срце.

Тогаш на Берлускони му беше дијагностицирана „инфекција на белите дробови во рана фаза“.

Слични содржини