Поранешниот италијански премиер и поранешен сопственик на Милан, Силвио Берлускони, сега претседател на Монца, потврди дека разговарал со напаѓачот на Адана, Марио Балотели за неговото можно враќање во клубот. Тимот доби промоција во елитата и ќе има потреба од засилувања.
„Можеме да ја направиме Монца супер тим. Сакам влегувањето во Серија „А“ да биде само почеток. Добро е да го славиме овој успех, но веќе размислуваме за иднината. Сите играчи во тимот добро се разбираат. Мислам дека никој не планира да си замине. Балотели? „Да. Го замолив да се врати и да игра за нас“, изјави Берлускони, цитиран од Скај Спорт Италија.
Балотели беше дел од Монца помеѓу декември 2020 и мај 2021 година.
Монца за прв пат во својата историја избори промоција во елитата и од следната сезона ќе игра во Серија „А“.