Берлускони во болница поради силни болки

од Vladimir Zorba

Долгогодишниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) е хоспитализиран во понеделникот вечерта во Милано.

Поранешниот премиер на Италија и функционер на партијата „Форца Италија“ е примен во болницата Сан Рафаеле поради силни болки, објавија медиумите.

Берлускони беше подложен на тестови и прегледи и се очекува наскоро да биде пуштен дома.

Силвио Берлускони последен пат беше примен во болницата Сан Рафаеле во јануари 2022 година.

Тој беше премиер со најдолг мандат во Италија помеѓу 1994 и 2011 година, се зарази со коронавирус во септември 2020 година и успеа да се опорави по проблематичен период на лекување, потсетуваат италијанските медиуми.

Слични содржини