Да се рестартира некогашното Детско одморалиште на Беровско езеро и да се поддржат успешните локални бизнисмени, побара градоначалникот Звонко Пекевски од министерот за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ.

На состанокот се разговараше и за мерката за намалување на придонесите од плата, со цел зголемување на нето платниот износ на работниците на подрачјето на општина Берово, како оддалечено место од главниот град.