Берово донира 200.000 денари за настраданите од поплавите во Словенија

од Nikola Popovski
245 прегледи

Советот на Општина Берово на дешената седница, едноглавно, со 15 гласа ЗА, изгласал финансиска поддршка од 200.000 денари за настраданите граѓани од поплавите во Република Словенија.

Средствата од изгласаната помош ќе бидат уплатени на посебна сметка на Црвениот крст на РСМ наменета за помош на настраданото население во Словенија.

Дополнително Општина Берово уште веднаш по поплавите понудила спремност за испраќање посебни тимови за помош и поддршка од лоикалната противпожарна територијална единица доколку тоа е потребно.

Градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски соопшти дека словенечките противпожарни друштва биле од огромна помош во огромните пожари пред две години во Малешевијата и посочи дека таа помош и поддршка на словенскиот народ и граѓаните на Словенија никогаш нема да ја заборават.

Општина Берово ја следи состојбата во Словенија и доколку е потребно е спремна да понуди и други видови помош на нашите словенски пријатели.

Слични содржини