Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 11 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се три случаи во Скопје и по еден случај во Куманово, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Виница и Делчево.
Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 починале три лица, односно, пациент од Гостивар на 51 година, пациент од Прилеп на 65 години и пациентка од Виница на 78 години. Сите се починати во болнички услови, додаваат од министерството.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.