Движењето БЕСА ги повикува Албанците од власта, од Собранието, како и претседателите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, итно да излезат пред јавноста и да ги објаснат причините поради кои не ги изгласаа измените во Законот за заштита на сведоците и продолжување на мандатот на СЈО, кои – според оваа институција – се неминовни за расветлување на случаите „Сопот“ и „Монструм“.
https://youtu.be/o46PrZlAQjw
Ги повикуваме гореспоменатите лица да не ги чекаат говорите со објаснувања од центарот за пропаганда од ВМРО-ДПМНЕ, туку да излезат и да дадат отчет пред народот. Чинот на негласање на овој закон е нож зад грб кон Албанците и кон меѓународната заедница како стратешки партнер на Албанците. Ахмети и Тачи треба да излезат пред Албанците и да објаснат со каков ризик се соочуваат ако се спротивстават на политиката на ВМРО. Ние, како БЕСА – со помош на Албанците, сме подготвени да им гарантираме на Ахмети и Тачи безбедност од секој вид опасност која може да им дојде од ВМРО-ДПМНЕ, од Груевски или од Мијалков, било за нив или за нивните семејства“, се вели во повикот на БЕСА.