БЕСА не оди во Тирана: „ДУИ го користи Рама за да им помогне да излезат од кризата“

од Nikola Popovski

Политичката партија БЕСА информира дека нејзиниот лидер Биљал Касами денеска нема да присуствува на средбата во Тирана меѓу албанскиот премиер Еди Рама и лидерите на партиите од албанскиот блок во Македонија. Според нив, „ДУИ бараат помош од Рама и го користат албанскиот премиер за да им помогне да излезат од кризата“.

-И овој пат Артан Груби и Али Ахмети, не знаејќи како да се извлечат од оваа политичка ситуација создадена во Северна Македонија, наводно иницирале средба со албанскиот премиер, уште еднаш користејќи го неговиот авторитет за да ги извлече од калта во која се потопени две децении. Токму ова е причината што Движењето БЕСА и Билал Касами нема да седнат на маса со оние кои не успеваат да ја водат државата на прав пат. И сега наместо да излезат пред народот да се извинат и да распишат предвремени избори, тие повторно бараат помош од Еди Рама, велат од партијата на Касами.

Од таму порачуваат дека за брзо време планираат самостојна средба со албанскиот премиер.

-Движењето БЕСА и Билал Касами, секогаш кога ќе ја посетат официјална Тирана, таму наидуваат на топло гостопримство и ова гостопримство повторно ќе го имаме, многу брзо на средба со господинот Рама. Но, како сериозна партија, како партија која координира, а не како партија која во име на координација или помошта што ја бара ги користи и официјална Тирана и албанскиот премиер за лични интереси, стои меѓу другото во соопштението на БЕСА.

Слични содржини